Русија подготвена за обнова на примирјето во Сирија, Дамаск против
Русија е подготвена на обнова на прекинот на огнот во Сирија, соопшти денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.
- Ние сме убедени дека режимот на прекин на огнот во Сирија може и треба да биде обновен, изјави Богданов.
Меѓутоа, според Богданов, за да може да се обнови примирјето, силите од т.н. умерена сириска опозиција, кои ја имаат поддршката од Западот, мора да бидат раздвоени од терористичките групи.
Како што јави ДПА, на оваа изјава на Богданов, реагираше сирискиот амбасадор во Русија, Ријад Хадад кој оцени дека во моментов нема можности за прекин на огнот, особено не во градот Алепо.
- Западните земји ги вооружуваат милитантите и тие продлжуваат со извршување на криминал и со гранатирање на станбените реони, изјави Хадад.
Под притисок на Западот, Русија минатата недела се согласи на неколку прекини на огнот, при што сириските сили и руските авиони ги запираа нападите врз опколените делови на Алепо под контрола на бунтовниците, каде се наоѓаат меѓу 250 и 300 илјади цивили.
Претходно денеска, руското Министерство за одбрана соопшти дека ниту руските, ниту сириските сили не вршеле никакви напади врз Алепо веќе една недела.
Ново на Сител
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски