-->
-->
Кузнецова спаси меч топка
-->
Светлана Кузнецова и Каролина Плишкова ги забележаа првите победи во „црвената група“ на женскиот Мастерс што се игра во Сингапур. Двата меча од вториот ден од оваа група завршија по три сета игра.
Плишкова ја победи Гарбине Мугуруза со 2-1 во сетови (6:2; 6:7(4:7) и 7:5) откако успеа да направи пресврт во третиот сет и по предноста на Мугуруза од 5:2 имаше серија од пет освоени гемови и го доби мечот. Кузнецова беше поуспешна од ланската победничка на Мастерсот Агнешка Радванска со 2-1 во сртови (7:5; 1:6 и 7:5), а во третиот сет успеа да спаси и меч топка на сервис на ривалката.
Во рамките на „белата група“ победи на вчерашните мечеви во 1.коло постигнаа Анжелик Кербер и Симона Халеп против Доминка Цибулкова односно Медисон Кејс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи