Продолжува Традиционалниот Самит на Македонија 2025
Самитот - Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите, што традиционално го организира Македонија 2025 продолжува денеска во Скопје со сесија на тема „Регионална и европска економска интеграција“.
На Самитот, се зборува за поттикнување економски развој, употреба на обновливи извори на енергија, програмата на Европската вселенска агенција, примерот на Израел во поглед на економскиот развој, регионална и европска економска интегрција, иновации што ја редефинираат здравствената нега и давањето услуги во оваа област, иднината на превозот, Македонија како развоен центар за паметни технологии, улогата на жените во развојот на лидерство и одржлива иднина, најновите технологии и нивната улога во промената на светот и многу повеќе.
Самитот почна вчера, а учесниците имаа можност да проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи.
Присутните ги поздравија членовите на Одборот на директори Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Живко Мукаетов, а во текот на дводневниот Самит ќе имаат можност да слушнат за најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија.
Самитот е можност првпат да се претстави програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивнитге истражувања и да бидат презентирани и најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, теле-здравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини.
Самитот е на тема Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228