Црногорската опозиција со етничките малцинства ќе се обиде да го собори Мило Ѓукановиќ

Демократскиот фронт-најголемата опозициска партија во Црна Гора денеска на претставник на малцинствата му го предложи премиерското место во обид од власта да го отстрани долгогодишниот премиер Мило Ѓукановиќ, пренесе ДПА.
Ѓукановиќ со Црна Гора управува цели 27 години, на функција претседател или како премиер. Тој беше главната фигура во одделувањето на Црна Гора од многу поголемата Србија, преку референдумот за незавсност во 2006 година.
Просрпскиот и проруски Демократски фронт - една од четирите опозициски партии, кои заедно ќе имааат поголем број пратеници од Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ, планира премиерската функција да му ја предлжи на бошњачки член на Парламентот.
Бидејќи заради етничките тензии еден Бошњак тешко дека ќе може да влезе во коалициска Влада со оваа просрпска партија, Демократсиот фронт предлага да ја подржи Владата против Ѓукановиќ без да учествува во неа.
- Ние ќе ја поддржиме таа влада, но нема да учествуваме во неа. Таа влада по извесно време ќе треба да подготви нови, чесни и демократски избори, изјави Небојша Медојевиќ од Демократскиот фронт за весникот „Побједа“.
Според привремените официјални резултати од неделните избори, Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ освои 36 пратенички мандати во 81-члениот црногорски Парламент.
Опозициските партии заедно имаат 39 пратеници: Демократскиот фронт освои 18 пратенички мандата, коалицијата Клуч - девет, Демократите на Црна Гора - осум, а долгогодишните политички противници на Ѓукановиќ - социјалдемократите - четири.
Останатите места се гарантирани за претставници на етничките малцинства: двајца Бошњаци, еден Хрват и еден Албанец. Последните две места се освоени од други социјалдемократи, кои ќе соработуваат со Ѓукановиќ, појаснува ДПА.
Црногорската опозиција во пракса е поделена по сите прашања, со исклучок на желбата за отстранување на Мило Ѓукановиќ од власта. Мали се шансите опозициските партии да успеат да ги привлечат малцинствата во својот политички табор. Опозициските партии не успеаја да останат единствени дури и во одлуката да не ги признаат резултатите од изборите, посочува германската новинска агенција.
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
