-->
-->
Драма во Аеродром: Бившата жена ја нападнал со боксови и шамари
-->
Вчера во 21,00 часот во ПС-Аеродром Л.Л. (43) од Скопје, пријавила дека околу 20,45 часот во дневната соба во семејниот дом (која истата ја користела додека траела бракоразводна парница) влегол нејзиниот сопруг И.Л. (46), со намера да гледа телевизија, а Л.Л. му рекла дека била уморна и дека ќе одела да гледа во друга соба, по што истиот ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.
Истата успеала да излезе надвор и да побара помош, а И.Л. излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика. Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа.
И.И. влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.
Л.Л. се јавила на лекарски преглед во ГОБ„8-ми Септември“ каде и биле констатирани телесни повреди. И.И. бил повикан во ПС-Аеродром и со истиот бил извршен разговор и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033