Програма за поддршка на нови работни места во Пелагониско

Моја идеја! Мој бизнис!, е нова програма која денеска ќе биде претставена, а целта е да се поддржи креирање нови работни места во Пелагонискиот регион преку претприемништво.
Програмата ќе ја имплементира CEED Македонија, а е целосно поддржана од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.
Програмата се стреми кон зацврствување и развивање на претприемничкиот дух и да дава конкретна поддршка за започнување или доразвивање на мали или семејни бизниси во регионот на Пелагонија. Преку програмските активности младите лица кои ќе бидат вклучени во оваа Програма ќе имаат можност да се здобијат со бизнис знаења и претприемачки вештини, како и пристап до финансиски средства.
Програмата пред сè е наменета за младите на возраст од 18 до 30 години, кои се невработени, кои имаат бизнис идеја која треба дополнително да се разработи и да се претвори во оперативен бизнис или, пак, за оние кои се во фаза на стекнување со универзитетска диплома и кои планираат да започнат свој бизнис во блиска иднина, како и за млади луѓе кои имаат бизниси во почетната фаза на развој (но, не подолго од три години) и на кои што им треба помош за понатамошен раст.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Паркот„Жена-Борец“ ќе добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
-

Млади лица со фантомки и дрвени палки забележани во центарот на Куманово
-

Кривична против тетовчанка за пуштање во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра
