Македонското културно наследство пред британската јавност
Девет средновековни теракотни икони од Виничкото Кале идната година ќе бидат дел од големата изложба на Музејот за уметност и археологија „Ашмолијан“ при Универзитетот во Оксфорд. Презентацијата е една од активностите на соработка помеѓу овој британски музеј и Министерството за култура на Република Македонија, за што денеска Меморандум потпишаа Пол Робертс, програмски директор во „Ашмолијан“ и министерката Елизабета Канческа-Милевска.
Министерката потенцира дека Меморандумот ќе придонесе македонските музејски институции со него да имаат плодна соработка.
Изложбата е насловена „Религиите во големите империи“ и ќе трае од октомври 2017 и ќе трае до јануари 2018 година.
Робертс истакна дека изложбата ќе го прикаже растот на големите религии.
За поврзувањето со музејот „Ашмолијан“ благодарност и изразија на проф. Славица Вајт од Фондацијата „Кирил Трајковски“.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
