Адеми: Посетата на Хан потврда дека Македонија се уште има европерспектива

Еврокомесарот за политика за проширување и соседски односи Јоханес Хан е целосно запознаен со состојбите во Македонија и подготовките за декемвриските избори, истакна денеска вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во пресрет на посетата на еврокомесарот Хан на Македонија.
- Јас сум оптимист и верувам во ЕУ перспективата на Македонија. Верувам дека Македонија се уште ја има европската перспектива. За тоа е потврда и посетата на еврокомесарот Хан. Нам ни останува по организирање и спроведување на изборите да се залагаме што поинтензивно да ги имплементираме потребните реформи, особено во областите на владеење на правото, економијата, и усогласување на законодавството со она на ЕУ, изјави на новинарско прашање Адеми кој денеска присуствуваше на завршната конференција по повод затворањето на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“.
Адеми оцени дека Македонија се наоѓа во исклучително важен период за својата иднина. Политичката криза во која се наоѓаме подолго време дефинитивно се одрази на евроинтеграциите и динамиката на спроведување на клучните реформи. Сепак, додава, се направија позитивни чекори за излез од кризата.
- Потребно е да покажеме и да докажеме дека имаме капацитет и посветеност да органзираме избори кои ги исполнуваат меѓународните стандарди и чии резултати ќе бидат широко прифатени. Останува наша обврска потоа интензивно да продолжиме да ги спроведуваме реформите со цел Македонија да се доближи до остварување на својата стратегиска цел, а тоа е членство на Македонија во ЕУ, истакна Адеми кој имаше средба со Хан пред две недели во Брисел.
Според него, спроведувањето на обврските од Договорот од Пржино како основен предуслов за реализација на слободни, фер и демократски избори е приоритет за Владата, Собранието и за сите политички партии.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
