Без струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре ќе останат делови од општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров, Гази Баба, Карпош, Чаир и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите од ул. 2 во с. Долно Лисиче во општина Аеродром, од 9:00 до 12:00 часот потрошувачите од ул. Ферид Заири во општина Чаир, од 9:00 до 16:00 часот потрошувачите од селата Добри Дол и Ракотинци во општина Сопиште, од 9:45 до 15:00 часот потрошувачите од с. Кучково во општина Ѓорче Петров.
Без напојување со електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат и потрошувачите од викенд населбата Виничиште во општина Гази Баба, од 8:30 до 11:00 часот потрошувачите од дел од Момин Поток во општина Карпош, од 8:30 до 12:30 часот потрошувачите од ул. Христо Татарчев броеви 11, 13 и 15 и потрошувачите од ул. Пушкинова во општина Кисела Вода и од 8:30 до 10:00 часот потрошувачите од ул. Венјамин Манчуковски бр. 2 и 4 и дел од бул. 3-та Македонска Бригада - до Македонија Табак во општина Аеродром.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро - мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
