Во Охрид 6-та Регионална конференција за справување со финансиски и компјутерски криминал
Претставници на државните служби за превенција на компјутерски и финансиски криминал од државите во регионот, со учество на експерти од областа од повеќе европски држави, учествуваат во работата на шестата Регионална конференција што во организација на Регионалниот СЕЛЕК - центар од денеска се одржува во Охрид.
Работната средба во Охрид организирана од СЕЛЕК - центарот со седиште во Букурешт е во рамки на редовните активности што претставниците на полициите и службите за справување со сајбер-криминал од 12 држави од регионот ги спроведуваат со цел преку меѓусебна соработка да ги зајакнат своите капацитети за справување со таа современа форма на криминал.
- Секторот за компјутерска и дигитална форензика при МВР го користи селек-центарот како механизам за соработка со државите од регионот при истрагите што ги води за компјутерски криминал, секако и овозможува интензивна соработка во справувањето со тој вид криминални активности, истакна Марјан Стоилковски, началник на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Што се однесува на Република Македонија, тој појасни дека и нашата држава не е имуна на современите трендови на злоупотревби на компјутерската техника и нејзините можности.
- МВР за поефикансно справување со компјутерскиот криминал активно работи во зајакнување на три сегменти и тоа со хармонизација на легислативата со нови предлози, со цел регулирање на сите можни злоупотреби, зајкнување на кадровски и технички капацитети и зајакнување на меѓународната соработка во областа, рече Стоилковски.
Пред учесниците на состанокот свое обраќање имаше и дополнителниот заменик-минситер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој се наоѓа во работна посета на СВР – Охрид.
Ново на Сител
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение
-
Пронајдена муниција и модели од автоматски оружја кај дилер од Битола
-
Украл женска ташна, приведен крадец од велешко
-
Ѓорѓиевски: Почнуваат бесплатните логопедски третмани во Кисела Вода
-
Ристески: Приоритет ќе ни биде да ги вратиме младите
-
Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата