-->
-->
Аудиција на МОБ за талентирани учесници во мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше
-->
Македонската опера и балет повикува талентирани изведувачи да бидат дел од премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески.
- Пријавете се и бидете дел од големото Балканско талент шоу, кое ќе ги донесе најталентираните кандидати на сцената на Македонската опера и балет. Бидете дел од премиерната изведба на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Покажете ги вашите музички, актерски и танцувачки способности, соопшти МОБ.
Заинтересираните кандидати треба да пратат податоци (име, презиме, фотографија, години на раѓање и место на живеење) на електронската пошта: tajnomoja@mob.com.mk најдоцна до 15 ноември 2016 година. За дополнителни информации може да се јават на телефонскиот број 077/ 729-449.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома