Промовиран прирачник за пристап и комуникација со слепи лица

Во државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ денеска беше промовиран прирачник со основни правила за исправен пристап и комуникација со слепи и слабовидни лица „Како при средба со слепо лице“.
Прирачникот, чие издавање го помогна Лајонс клубот „Св. Пантелејмон“ - Скопје, вклучува насоки на однесување во секојдневието кон лицата со пречки во видот со цел вистински да им се помогне полесно да ги обавуваат своите потреби за поудобен живот и социјална интеграција.
Директорот на „Димитар Влахов“ Горанчо Јакимов, на денешната промоција на прирачникот изрази надеж дека сите оние што досега се прашувале како треба да постапат при средба со слепо лице ќе го најдат одговорите во овој прирачник.
- Процесот на инклузија на слепите лица тече и поддршка дава државата. Нашето училиште е основно и средно, каде во средно училиште има три струки. Здравствена, каде нашите ученици се стекнуваат со диплома за завшрено средно образование за физиотерапевт-масер. Сообраќајна, каде учениците се стекнуваат со знаење за работа во централа и кол-центри и графичка струка, рече Јакимов.
Посочи дека училиштето моментално брои околу 50 ученици, опфатени во основно и средно училиште.
Мелпомени Корнети од Лајонс клубот „Св. Пантелејмон“ - Скопје, кој го овозможи издавањето на прирачникот, рече дека клубот постои 20 години и главно е посветен на хуманитарна помош на лица со слаб вид.
- Со прирачникот даваме придонес кон создавање на еден основен фонд на литература со кој ќе им се помогне на нашите сограѓани да научат како навистина да им бидат од помош на своите сограѓани кои имаат проблем со видот, рече Корнети.
Посочи дека прирачникот е подготвен од Чедомир Шопкиќ, уредник на програма за издавачка дејност на Центарот за слепи и слабовидни при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и изрази надеж дека прирачникот ќе стигне до што поголем број читатели и ќе најде своја примена.
Ново на Сител
-

Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило
-

Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица
-

Хамилтон стартува од полпозицијата во Мексико Сити
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
