МАНУ одбележа 49години постоење
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја одбележува 49-годишнината од основањето.
Во тек е реализација повеќе од 100 научно истражувачки и уметнички проекти од различни области, на 30-тина научни домашни и меѓународни собири,предавања,како и на богата издавачка дејност-15 зборници на трудови, 50 посебни изданија на МАНУ- истакна претседателот на МАНУ академик Таки Фити.
Во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ се одржи научна конференција на тема ,, Состојби и перспективи во Високото образование и науката “.
Традиционално на овој ден се доделува највисокото меѓународно признание на МАНУ- медалот „Блаже Конески“. Добитници се Суад Енѓулу од Турција и Душко Новаковиќ од Србија, за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
