Инвестициите ја сменија структурата на извозот
Според најновиот извештај на Народната банка бројот на странските инвестиции во државава е во постојан раст. Повеќе од 171 милиони евра странски капитал влегле во земјава во првите шест месеци од годинава, или за 13 отсто повеќе од лани.Само во јули евидентирани се вкупно 27,43 милиони евра инвестиции.
Најмногу странски капита годинава е регистриран во февруари од 45 милиони евра, а во март тие изнесувале 37 милиони евра.
И покрај политичката криза странските компаниипродолжија да ги реазлираат своите инвестиции во Македонија.
Реалзиираните странски инвестиции во државава освен што помогнаа за намалување на невработеност, ја променија и структурата на извозот. До пред неколку години од змејава најмногу се извезуваа текстилни рпоизводи, додека денеска на странските пазари се пласираат катализатори, машини, автобуси, и други производи кои имаат повисока додадена вредност.
Помогнаа и за зголмеување и извзоот од змејава, така што се покриеноста на увзозот и извзоот достигна 70 отсто, а до пред шест години беше 60 проценти.
Заклучно со септември од Тирз зоните извезени се стоки во вредост од 1 милијарда 280 милиони евра. експертите очекуваа оваа бројка да расте со оглед на најавите за влез и а други странски фирми.
Инаку од 2007 година до сега во Македонија влегле 2,5 милијарди евра странски капитал.
Дека тука има добри услови за водење на бизнис покажува анализата во кја се вели дека 84 отсто до фирмите кои инвестирале во Македонија тоа би го направиле повторно.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
