Македонија
9. October 2016 - 14:55

Ограбена џамија во Тетово

Вчера во 18.40 часот во ПС Тетово, Х.Р. (43) - оџа во џамијата лоцирана на ул.„Мирче Ацев“ од Тетово пријавил дека на 07.10.2016 година непознат сторител извршил кражба во џамијата. 

Сторителот влегол во џамијата, ја оштетил металната каса за прибирање на донации и ги одзел парите. Увид не е извршен поради изменето место на настан, по што материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.