Штипските хирурзи добија нов апарат - лапараскопски тренажер

Клиничката болница-Штип со над 50 проценти извршени оперативни зафати со лапараскопска метода се вбројува меѓу здравствените установи во државата во кои можат да се пружат соодветни здравствена заштита на своите пациенти, соопшти на денешното промовирање на новиот апарат началникот на Одделението за хирургија, Ѓорѓи Денков.
-Со лапароскопската метода оперираме аномалии на дебелото црево, таканаречените Илеуси, слепо црево, Хернии, жолчка, како и други оперативни зафати кои влегуваат во доменот на Урологијата и Гинекологија, вели Денков.
Оперативните зафати за да имаат поголем квалитет деновиве со штипските хирурзи оперира и хирургот од Висконсин, САД, Кен Брудер. Тој на хируршкото одделение подари лапараскопски тренажер, апарат, со кој хирурзите почетници во практицирањето на оваа метода, ке можаат, непречено, надвор од оперативната сала, да ги совладуваат најразличните вештини и техники.
- Моето 20 годишно искуство во вршење на оперативни зафати со лапараскопска метода, несебично им го пренесувам на моите колеги од штипската болница. Морам да признаам дека штипските хирурзи покажаа висок степен на вештина и брзо учење на новите техники и методи во овој вид на операции на абдоменот, вели Брудер.
Хирурзите од штипската Клиничка болница годишно изведуваат над 800 операции. За лапараскопскиот метод нивна единствена оценка е дека е најпрактична оперативна метода, што штеди време но, дава висок квалитет на изведба и 100 процентно успешност на операцијата.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
