Се слави Света Текла: Денеска исполнува по една желба на жените, а доволно е само...
Денеска е празникот посветен на Света Текла, светителка од периодот на раното христијанство за која малку се знае меѓу православниот свет.
Света Текла детството и младоста ги поминала како секоја девојка од Иконија - учела везење, домаќински работи и се подготвувала за мажење. Меѓутоа, кога имала 18 година, Текла отишла на проповед кај апостол Павле и овој настан од корен го смени нејзиниот живот.
Приказната вели дека Текла како меѓепсана го слушала Павел три дена и три ноќи и дека потоа потполно се свртела кон верата и Христа и се заветувала на невиност. Бесна зошто ќерката повеќе не сака да се мажи, нејзината мајка ја тепала и ја изгладнувала, а кога тоа не помогнало отишла кај локалниот судија и побарала Текла да се запали. Судијата ги послушал молбите од мајката и кога се пристапило кон палењето, откриле дека неа огнот ништо не и може. Потоа девојката тргнала со апостол Павле помагајќи му и проповедајќи животт според Христовите заповеди.
Живот полн со искушенија и неволји
Меѓутоа тука не бил крајот на неволјите. Привлечен од убавината на девојката, старешината на градот во кој дошле, се обидел да ја грабне, а кога девојката му побегнала, ја обвинил дека е „христијанка која се гнаси од бракот“. Властите ја осудиле и ја фрлиле на дивите ѕверови, меѓутоа тие не сакале да ја допрат Текла. Старешината на градот немал избор освен да ја пушти на слобода, а таа продолжила да го проповеда Евангелието и успеала да преобрати многумина.
По ова светителката посакала да се осами и да се посвети на молитвата, и со благослов на апостол Павле, се повлекла на некое пусто место за да се посвети на исцелување на болни. Преданието вели дека локалните лекари и билкари станале љубоморни на Текла и испратиле група момчиња да ја силуваат и така да ја осквернават. Гледајќи дека не може да им побегне на насилниците, Света Текла го замолила Бога за помош и во тој момент пред неа се отворила карпа која ја скрила. Според преданието токму ова е гробот на праведната и верна Христова невеста Текла.
Им помага на верниците во невеоља
Поради љубовта кон Бога која ја покажа за животот оваа светителка се зема како пример на сите кои сакаат да истраат во своите планови. Се верува дека токму Светата Текла им помага на сите оние кои на денешен ден ќе почнат да работат нешто, а ќе западнат во невољи. Доволно е само искрено да ја замолат и духовната помош ќе стигне.
Света Текла се смета за „првострадалничка“ меѓу жените и исто така нивна заштитничка. Народот смета дека денеска жените кои одат во црква и искрено ја молат светителката, ќе им биде исполнета една желба доколку искрено и длабоко посакаат и веруваат.
Инаку, дел од моштите на Света Текла се чуваат во Старата српска православна цркна на Башчларшија во Сараево.
Ново на Сител
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули
-
Две лица со оружје ограбиле казино во Илинден