Македонија и БиХ посветени на соработката во одбраната
Размената на искуства на патот кон полноправно членство во НАТО, реализацијата на заедничките вежби и обуки, како и продолжување на одличната соработка во областа на военото образование, беа темите на кои разговараа министрите за одбрана на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Јолевски и Марина Пендеш, на денешната средба во Министерството за одбрана.
- Горд сум што питомци од Босна и Херцеговина се дел од Воената академија во Скопје, која е високо ценета образовна институција во Република Македонија и во регионот, истакна министерот Јолевски на средбата.
Тој додаде дека еден од приоритетите на Министерството е и континуираниот развој на военото образование, а дел од тоа е и воспоставувањето на новиот Универзитет за национална безбедност и одбрана, „Дамјан Груев“.
- Чекорите кои ги правиме за развој на образованието ќе значат поголем квалитет во произведувањето на идните воени лидери во Армиите во регионот и ние сме почестени што Босна и Херцеговина верува во капацитети на нашата Воена академија, нагласи Јолевски.
Министерката Пендеш посочи дека е задоволна од високото ниво на соработка и засилените контакти меѓу двете министерства и двете армии. Меѓусебната отворена поддршка за членство во Алијансата покажува, рече, дека станува збор за две пријателски земји кои имаат искрени намери во изразувањето поддршка за достигнување на стратегиските цели, како евроатлантската интеграција.
Република Македонија и Босна и Херцеговина на полето на одбраната соработуваат од 2006 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов, на Воената академија се школуваат девет питомци од Босна и Херцеговина која е исклучително активна и во меѓународниот проект „Летен кампус“ што се одржува секоја година во Република Македонија.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени