Во Штип ќе се одржи фестивал на претстави за деца „Малиот принц“

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип од први до седми
Тој истакна дека фестивалот ќе биде отворен на први октомври со претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на Н.У Драмски театар „Скопје“ во режија на Димче Николовски.
Селекторот на програмата на фестивалот „Малиот принц“, Трајче Кацаров забележа дека многу е одговорно да си организатор на фестивал за деца, бидејќи нема простор за грешки.
- Децата не простуваат и знаат добро да оценат. Ова за нас е соочување со важна и суштествена работа, и затоа сме доста сериозни во реализацијата на овој фестивал.Доколку го задржиме детето во себе и го третираме онака како што треба, ние на некој начин ја третираме и иднината на уметноста. Ние сме во моментов во една мошне важна фаза од развојот на театарот во Штип, рече Кацаров.
Како новина на фестивалот е доделувањето и на гран при награда за најдобра претстава за која ќе одлучи детско жири составено од пет члена, односно по едно дете како претставник на основните училишта во Штип.
Инаку, на четврти октомври следи претставата „Пепелашка“ на Н.У Театар за деца и младинци од Скопје во режија на Деан Дамјановски. На 5. октомври гостува НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп со претставата „Волшебникот од Оз„ во режија на Раде Василев, а веќе следниот ден следи претставата „Распеана Турли Тава“ на Драмското студио „Снешка“ од Скопје во режија на Снежана Коневска-Руси.
На 6. октомври во НУУБ „Гоце Делчев“ ќе биде отворен еднодневен саем на книгата на „Едука мак“, а на 7. октомври ќе се претстави Матица Македонска со промоција на Антологиите на песни и раскази за деца, вели Кацаров.
- Фестивалот го почнавме пред пет години и првото издание беше организирано со сопствени средства, а подоцна истиот се оддржува со средства од Министерството за култура и со поддршка на општина Штип. Уште сега ќе кажам дека веќе од идната година ќе има мали промени, најверојатно ќе се промени и форматот на фестивалот со цел да добие меѓународен карактер, рече Вртеовски.
Организаторите на денешната прес-конференција најавија дека наскоро ќе почне да функционира и детска сцена во рамки на Центарот за култура за што поддршка дава и Министерството за култура, а ќе биде ставена во функција по Нова година со првата претстава „Царевото ново руво“.
Ново на Сител
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

МВР: Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
