Втор Фестивал на музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“

Во Кинотека на Македонија од 1 до 4 октомври ќе биде одржано второто издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“.
Фестивалот нуди разновидна и богата музичка програма составена од 19 документарни филмови, кои преку музиката допираат до различни теми, од општествени до едукативни.
Уметничкиот директор на фестивалот Ненад Георгиевски, на денешната прес-конференција, рече дека во четири дена фестивалот нуди убави филмови и музика, и ќе биде отворен со филмот за Леонард Коен „Јас сум твојот човек“.
- Годинава имаме соработка со Би-Би-Си и секој ден има жанровска поделеност. Вториот ден е поамбиентална музика од Брајан Ино и фестивалот Пункт, Џои Дивижн и Пинк Флојд.Третиот ден има промоција на книга, по што следи бесплатна проекција на неколку филмови од артисти кои се дел од книгата како Влатко Стефановски и Дејвид Силвија. Четвртиот ден е Џеф Бакли и премиера на анимираниот филм „Акт“ на Ацо Станковски и филмот за Вања Лазарова „Со маки сум се родила“, рече Георгиевски.
На програмата има две фестивалски премиери „Сецко: Толку многу љубови“ на Јордан Дуков, во продукција на Тв Телма и „Акт“ на Ацо Станковски, со музика на композиторот Александар Пејовски.
Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и книгата-збирка на музички интервјуа „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, во издание на издавачката куќа „Полица“.
Весна Костовска од издавачката куќа „Полица“ рече дека, станува збор за дело што на некој начин претставува авантура на Ненад за сето време додека ги собирал тие „муабети“ со луѓе кои се значајни во областа на музиката.
Во книгата на 350 страници се собрани 40 интервјуа со странски и домашни музичари и ист број фотографии од реномирани домашни и странски фотографи меѓу кои Жига Коритник, Тим Дикинсон, Татјана Ранташа и Димитар Петровски. Уредник на книгата е новинарот Михајло Грбески, а предговорот е напишан од Влатко Стефановски.
Билетите за фестивалот можат да се резервираат или да се купат во канцеларијата на Кинотеката. Цените на билетите се различни, во зависност од времето на прикажување на филмовите
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
