Инфраструктурните проекти го подобруваат животниот стандард
Целосно нова патна инфраструктура, реконструирани водоводи, пешачки патеки, училишта, спортски сали и повеќенаменски игралишта. Владата ги исполнува ветувањата кон граѓаните од дебарско-реканскиот крај, кои значително им ги подобруваат условите за живот.
Ако некогаш низ Маврово се патуваше по тесни и оштетени локални патишта, денес тие се со нов изглед. Досега целосно реконструиран е патот до селото Сенце, патот Требиште-Велебрдо, патот до Нисторово, како и патот кој води од браната на Мавровско Езеро до Маврови Анови.
Во реконструкција на локалниот пат за Скудриње кој се очекува да биде завршен до следниот месец, досега се вложени 40 милиони денари. Во насока на промоција и унапредување на туризмот во мавровскиот регион, неодамна во употреба беше пуштена и целосно осветлена и уредена два ипол километарската пешачка патека покрај мавровското езеро, инвестиција од 8 милиони денари.
Како резултат на остварените ветувања, жителите на Ростуше добија целосно реконструиран водовод, а нивните деца денес учат во нови училишни клупи и спортуваат во нова спортска сала. Премиерот Груевски вчера пред граѓаните најави дека наскоро нова спортска сала ќе добие и ОУ Блаже Коневски во Скудриње, а ќе започнат да се градат и нови тенески терени во Маврови Анови.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
