Дејвид Камерон ќе пишува мемоари и ќе држи предавања

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон ќе пишува мемоари за своето време поминато во политиката и како премиер во Даунинг стрит 10 и ќе држи предавања- откриваат лондонските весници.
Камерон поднесе оставка како премиер и лидер на Конзервативната партија веднаш по поразот на референдумот за ЕУ од 23 јуни, а минатата недела се повлече и од својата пратеничка функција.
Во кусата изјава за своето целосно повлекување од политиката, тој рече дека сака и натаму да биде присутен во јавноста, без да каже што ќе работи во иднина.
Весниците во Лондон тврдат дека доскорешниот премиер за мемоарите ќе треба да добие хонорар од 1,5 милиони фунти , што е помалку од една третина од хонорарот што за мемоарите го добие Тони Блер.
По повлекувањето од Даунинг стрит 10, во јуни 2007 година, Блер доби хонорар од пет милиони фунти.
Камерон ќе држи и говори и предавања, пред свечени ручеци за што обично се добива по 50 илјади фунти за еден час.
Засега останува нејасно што понатаму би можел да работи Камерон кој се уште нема ни 50 години.
Блер по „пензионирањето“ од британската политика направи бизнис со својата фирма за пружање консултации и совети на компании и странски политичари, како и со скапите предавања што ги држи низ светот, посебно во САД и низ Азија, за што добива и по 250 илјади долари. Блер е ангажиран и како постојан надворешен советник на банки и интернационални компании.
Неговиот наследник на премиерската функција, Гордон Браун, остана уште пет години пратеник, по поразот на изборите во мај 2010 година, но работеше и како амбасадор на ОН за образование и држеше предавања низ светот, за многу помал хонорар од оној на Тони Блер.
Ново на Сител
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
