-->
-->
Театар комедија со „Стјуардеси“ го отвори театарскиот фестивал во Крива Паланка
-->
Маестралниот настап на актерите од „Театар комедија“ со изведбата на „Стјуардеси“ со кој отпочна фестивалската програма на осмиот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ синоќа ја преполни салата во Кривопаланечкиот центар за култура.
- Ова е 77 изведба на претставата која воедно е и најизведувана претстава од нашиот репертоар, што е импозантна бројка за толку млад театар како нашиот. Со толку изведби можат да се пофалат театри од земјава кои постојат по 70 години. „Стјуардеси“ е прикажана во речиси сите градови од државата,тоа е и тактиката на „Театар комедија“, да излеземе од матичната сцена и да ја шириме најголемата и најполезна зараза, а тоа е смеата, изјави Јелена Жугиќ, директор на „Театар комедија“.
Според Жугиќ ова е најпоставуваниот текст на Марк Камолети кој е влезен и во Гинис како таков.
- Ова е нашиот најголем хит, режијата е на Синиша Ефтимов, кој е најверојатно најголем хитмејкер во државата.Им посакувам на младите колеги да доживеат 150 и 300 претстави, дополни Жугиќ.
Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Кристина Ласовскаа, Жаклина Петровска, Тања Мицков и искусната актерка од Драмски театар, Марија Кондовска.
Кондовска потенцира дека е благослов да се биде дел од тимот во кој, рече, младите актери и даваат посебен мотив и енергија за секое ново прикажување.
- Секоја нова изведба на „Стјуардеси“ е по интересна од претходната, мислев дека ќе ни здосади, а напротив, по импровивациите при дефект на кваката во 76-та изведба, сфатив дека претставата ќе не изненадува и ќе биде уште по интереснаво иднина, изјави Атанас Атанасовски, кој го игра ликот на Бернард.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, оцени дека фестивалот доживеа одлично отворање, публиката бараше билет плус за претставата што ветува.
Вечер од 20 часот на програмата е „Свршувачка“ во изведба нa Народен театар „Тузла“, Босна и Херцеговина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици