Орбан против натамошно одложување на изборите во Македонија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето обраќање во универзитетот Андраши во Будимпешта се осврнал и на Македонија, критикувајќи го неколкукратното одложување на предвремените избори, за кое рекол дека се случило под притисок на надворешни фактори.
- Ние не можеме да го третираме Балканот како црна дупка. Не можеме да го игнорираме тоа што најпопуларен политичар во Босна е Ердоган, да го игнорираме тоа што демократските избори во Македонија се одложуваа под влијание на надворешни фактори, одговорил Орбан, на прашање за балканската политика на Унгарија и бегалската криза која се прелеаја преку регионот.
Орбан, кој се промовираше во лидер на средно-европската група држави членки на Европската Унија, ја поддржува Македонија во отворањето преговори со Европската Унија и се залага за држење на македонско-грчката граница и понатаму затворена за движењето на мигрантите и бегалците од Блискиот Исток.
Обраќањето на универзитетот Андраши, кој е водечки универзитет на германски јазик во Будимпешта, доаѓа непосредно по неговата посета на бугарско-турската граница, од каде Орбан повика дека и Бугарија треба да продолжи успешно да ја брани заедничката европска граница. Во своето обраќање, Орбан додал дека Европската Унија се соочува со сериозни внатрешни проблеми, неможност да реши прашања како што се демографските промени и релативното економско назадување во однос на земјите од Азија.
Ново на Сител
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните