Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е за класичен мнозински систем на гласање

ВМРО-ДПМНЕ се залага за воведување класичен мнозински систем на гласање, бидејќи тогаш до израз доаѓа и личноста на пратеникот, не само партиската припадност, изјави денеска во Маврово премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Веќе долги години во Македонија имаме пропорционален систем со шест изборни единици. Од она што можам да го забележам тоа не прави никакви проблеми и системот е прилично добар. Ако веќе разговараме за промена на системот и ако сакаме да имаме некоја додадена вредност од оваа промена на системот, мислам дека воведувањето на мнозински систем на гласање е систем којшто може да биде нова додадена вредност. Ако се оди на промена, тогаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе класичен мнозински систем. Тогаш до израз доаѓа и личноста на пратеникот, не само партиската припадност, туку и личноста на секој пратеник и сите други предности коишто ги носи овој систем коишто и многу аналитичари во државата го предлагаат, рече премиерот Груевски на новинарско прашање за коментар за предлогот на Заев за пропорционален изборен модел, односно Македонија да биде една изборна единица заедно со дијаспората.
Во однос на дијаспората тој нагласи дека клучно е таа да продолжи да има барем најмалку по еден пратеник од трите изборни единици.
- Не е поентата само тие да гласаат и нивните гласови да се разлеат во многуте гласови во Македонија и тие да немаат свој пратеник. Не е само прашањето дали ќе го задржат правото на глас, туку дали ќе имаат свој пратеник преку којшто ќе ги искажуваат своите ставови, предлози и проблеми. Тоа не смее да им се одземе. И ВМРО-ДПМНЕ ќе го застапува тој став и ќе се бориме тоа да остане. Одземањето на пратениците коишто ги делегира дијаспората преку политичките партии во Македонија е скратување на врските со дијаспората и е праќање на лош сигнал кон дијаспората која што многу и помага на Македонија во секој поглед, изјави премиерот Груевски.
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
