Јункер: ЕУ е во иста состојба како и лани и многу нешта не еволуираа кон добро

Годишната дискусија на претседателот на Европската комисија за состојбата во Европската Унија пред европратениците во Стразбур се одржува во момент кога Европа е соочена со повеќе кризи.
- Пред една година имав можност да констатирам дека нема доволно Европа во Унијата, и дека нема доволно Унија во Европа. Таа констатација останува и денес во сила. Има многу нешта кои не еволираа кон добро, рече Жан-Клод Јункер на почетокот од својот говор, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
- Некои зборуваат за егзистенцијална криза, бидејќи има премногу области во кои не соработуваме доволно. Националните интереси се најчесто следени. Европската интеграција не може да биде наметната. Европа не треба да стане униформна магма, таа живее од својата различност, истакна понатаму претседателот на Европската Комисија.
Според него, Комисијата нема за амбиција да ги замени државите. - Ние не сме за да уништуваме, туку за да градиме. Ние сакаме една подобра Европа, рече тој.
Европа, според Јункер „не треба никогаш да стане држава“. Има фрактури, има фрагманатации кои постојат, а тоа е храна на популизмот. Популизмот не ги решава проблемите, туку носи проблеми, беше категоричен тој.
Тој понатаму нагласи дека невработеноста останува многу висока во ЕУ, а социјалната неправда останува и понатаму присутна. Поради тоа треба да работиме на социјалните права со енергија, Европа не е доволно социјална и треба да се исправи тоа, рече Жан-Клод Јункер.
Во односот на задолженоста и дефицитот и пактот за флексибилност Јукнер оцени дека задолженоста останува висока во ЕУ, и според него Европа треба да го спроведува пактот за буџетската стабилност со флексибилност за тоа да не биде пречка на економскиот раст.
На заблешките на некои дека Брекзит, односно дека британската одлука е почеток на распаѓањето на ЕУ, Јункер нагласи дека се почитува бритнаската одлука, “но ЕУ не е загрозена со оваа одлука“. Тој побара од Лондон да го поднесе барањето за излегување од ЕУ за да се расчистат нештата и да се отстрани неизвесноста.
Според претседателот на Европската Комисија „внатрешениот пазар и слободното дижење не можат да бидат на маса“.
За Жан-Клод Јункер идните дванаесет месеци ќе бидат „одлучувачки“ за Европската Унија, односно за „надминување на разликите меѓу Исток и Запад“ ако ЕУ ска да покажа де дека е сила. Идните 12 месеци ќе бидат одлучувачки, за ЕУ, која го заштитува европскиот модел на живееење и за Европа која треба да биде подготвена да ги заштити своите граѓани“, рече тој.
Во говорот, кој се уште е во тек, претседателот на Европската Комисија ги образложи и другите акции кои планираа да ги стимулира ЕУ за да се надмине сегашната ситуација, а на прво место инвестициите во екононијата, бранејќи ја притоа Европската заедничка монета – Еврото и европскиот модел на живеење.
Ново на Сител
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
