Расте девизниот прилив од зголемениот број странски туристи
Расте девизниот прилив од туризмот,бројот на ноќевања и просечниот престој во земјава. Околу 15 милиони долари годишно влегуваат во земјава од странските посетители. Последните податоци покажуваат дека над 11 отсто повеќе странски туристи ја посетиле земјава во првите 5 месеци годинава споредено со лани. Надлежните информираа дека продолжува позитивниот тренд на раст на туризмот, но се намалил бројот на домашни туристи.
- Оваа година имаше политичка криза во нашата држава, а знаете дека политичките кризи во сите држави директно влијаат врз туризмот во земјата. И покрај тоа благодарение на работата на Агенцијата, успеавме тој пад да го оддржиме контролирано од 3 проценти. Во сите европски држави каде што има вакви кризи овие проценти изнесувале над 10 отсто – нагласи Незири.
За да се избегнат ваквите состојби во иднина, преку стратегија и подобрување на законите ќе се направи обид да се отстранат проблемите на домашните и странските туристи. Ќе се формира работна група од сите претставници од туризмот, која ќе дава идеи кои ќе придонесат за развој на областа. Во меѓувреме интензивно се работи на скоро отварање на туристичките зони.
Крајна цел во стратегијата на државата е до 2020 туризмот да учествува со 5 % во БДП, наместо сегашните 1, 3 отсто.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
