Во Битола Годишно собрание на Меѓународната федерација на кинематографери

Македонското здружение на кинематографери, како дел од Друштвото на филмски работници на Македонија ќе биде домаќин на дводневното ИАГА 2016, Годишно собрание на Меѓународната федерација на кинематографери - ИМАГО, кое денеска и утре ќе се одржи во Битола.
На ИАГА 2016, како пропратен настан на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе учествуваат околу 50 делегати од повеќе земји.
Како што посочуваат од Македонското здружение на кинематографери овој настан има големо значење за генерално претставување на македонската култура, афирмација на македонската кинематографија и за меѓународна промоција на Македонија како дестинација за професионална соработка во областа на филмската дејност.
Организацијата на ИАГА 2016 е помогната од страна на ИМАГО и Агенцијата за филм на Република Македонија.
Инаку, ИМАГО е формирана со цел да ги поврзе кинематограферите од европските земји, за да дискутираат и да изнајдат решенија за заедничките предизвици, за размена на искуства и знаења, но исто така и за промовирање на филмската фотографија како уметност. Федерацијата брои 49 национални здруженија членки и околу 4.000 кинематографери, не само од Европа, туку и од целиот свет.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
