Стопанска комора: Медијација за брзо и економично решавање на деловните спроови

За 3,5 до пет часа без речиси никакви трошоци може да се решат деловните спорови до еден милион денари. Ова се предностите што ги нуди медијацијата за чие афирмирање и промовирање пред компаниите Стопанската комора на Македонија ги засилува своите активности.
По формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) во јули годинава, идниот месец ќе бидат организирани и Денови на медијацијата. Во меѓувреме, како што рече денеска на прес-конференција извршниот директор на Комората и претседател на АПМ Јелисавета Георгиева, интензивно се одржуваат семинари во градовите низ земјава за претставување на медијацијата пред што поголем број фирми.
- Целта на АПМ е афирмација и популаризација на медијацијата како алтернативен, брз, ефикасен и економичен начин за решавање на споровите. Двете потенцијални страни, компании, со посредство на лиценциран медијатор може да решат секаков спор до еден милион денари на доброволна основа, без публицитет и нарушување на своите бизнис односи, истакна Георгиева.
Медијацијата може да се примени во имотно-правните спорови, трговските, работните, потрошувачките, осигурителните, спротовите од областа на образованието, заштитата на животна средина, дискриминацијата,...
- Во медијацијата двете страни се еднакви што е предност во однос на другите видови постапки. Основните принципи се правичност, доверливост, рамноправност, неутралност, иксклучување на јавноста од целиот процес. Во одредени моменти медијацијата може да биде и бесплатна. Постапката е неформална и доверлива, нагласи Славе Младеновски, член на АПМ.
На прес-конференцијата беа промоврани веб-страницата на Асоцијацијата и брошурата „„Промоција - афирмација - успех“.
Според Драган Дамески, член на АПМ, ова се почетните алатки. Допрва следуваат интензивните активности за подигнување на свеста за медијацијата меѓу правните субјекти.
Во Македонија засега има десетина лиценцирани медијатори кои веќе работат на тековни спорови. Од февруари годинава десетина членки на Стопанската комора ја побарале листата на лиценцирани медијатори.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
