Прв пат мамограф во Кавадарци

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Општата болница во Кавадарци, каде е инсталиран комплетно нов и најсовремен дигитален мамограф. Во наредниот период, некаде околу 21-ви овој месец, апаратот ќе биде ставен во функција. На тој начин околу триесет илјади жени од регионот ќе можат да ја користат оваа услуга.
- Со ова Кавадарци прв пат ќе добие мамограф. Со негово ставање во функција, ќе се овозможи на околу триесетина илјади жени од регионот, да можат да добиваат ваква здравствена услуга. Мамографијата е многу важна здравствена услуга заради превенција и рано откривање на рак на дојка кај женската популација, кое е најчесто малигно заболување кај жените. Од овој аспект, јас сум многу задоволен што за прв пат овде ќе може да се дава оваа здравствена услуга и што жените од овој регион нема да бидат принудени да одат и да патуваат во други градови, за да ја добијат оваа услуга, нагласи министерот.
Тој потсети дека порано за ваква услуга мораше да се патува до Велес, Неготино или Скопје. Тоа значеше и финансиско оптоварување и губење на време. А времето, како што рече, во оваа ситуација може да биде сериозно значаен фактор. Затоа што при рано откривање, многу поголеми се шансите да се излечи оваа болест, отколку тоа да се констатира во многу поодмината фаза.
Министерот се договори со менаџментот на болницата некаде кај 21 септември овој апарат да се стави во услугата „мој термин” и да почне да функционира, а мамографијата да заживее и во Кавадарци.
Во наредниот период ќе се направат напори да се започне и со скринингот, односно со превенција за рана детекција на ова малигно заболување кај женската популација.
Во понеделник во болницата ќе биде присутен стручен тим од Скопје кој ќе прави обука на рентген техничарот за техничко користење на токму овој апарат. Тој е обучен за мамографија, но сега ќе се обучува конкретно за овој апарат.
Министерот Тодоров нагласи дека станува збор за најсовремен апарат од најнова генерација, комплетно дигитален и со многу мало зрачење. Со можност за помош при детекција на промените кои се јавуваат, за ништо да не може да се промаши. И на тој начин да може да се добие повисоко ниво на здравствена услуга и квалитет на здравствената услуга која се дава.
Апаратот е во вредност од над околу 7,5 милиони денари. Ќе биде ставен во функција на жителите од Кавадарци и поширокиот регион.
Одговарајќи на новинарски прашања, Тодоров рече дека имајќи го предвид тоа што неодамна беа донирани апарати и на Гинеколошко акушерското одделение, тоа значи дека се осовременува здравството во внатрешноста.
- Нашата идеја е што е можно повеќе да го зајакнуваме здравството во внатрешноста. Затоа што на тој начин граѓаните ќе добиваат здравствена услуга што е можно поблиску до нивното место на живеење. Ќе има што е можно помалку препраќања кон Скопје. На тој начин севкупно ќе се зголеми квалитетот на здравството и здравствениот систем во државата. Затоа одиме и со инвестиции во секоја болница во секој град во државата. Некогаш го набавуваме она што воопшто го немало, како што е овде ситуацијата во Кавадарци. Со тоа се овозможува воведување практично на нова метода. Некогаш се унапредува тоа што го има. Во тој правец да не ги заборавиме и обуките, додаде министерот, нагласувајќи дека се тие многу значајни.
Досега околу триесетина здравствени работници од Кавадарци беа испратени на едукација надвор од Република Македонија. Тоа, како што рече тој, овозможува зголемување на нивото на квалитет на знаења, вештини, но и вмрежување. Креирање на пријателства и познанства со други доктори од други држави. Тоа овозможуа размена на искуства и знаења, а понекогаш и консултации за пациенти и слично.
Апаратот набавен од Министерството за здравство се наоѓа на рентген одделението во болницата. - Со ова ние ќе продолжиме да даваме подобра услуга за пациентите, рече во изјава за медиумите, директорот на болницата Орцо Ангеловски, изразувајќи задоволство што Кавадарци и регионот добија мамограф.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
