Македонија
9. September 2016 - 11:00

Општина Битола објави конкурс за доделување на наградата „4 Ноември“

Управниот одбор за доделување на највисокото признание на Општина Битола „4 Ноември“ го објави конкурсот кој ќе трае до 1 октомври 2016. 

Наградата се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и обрзованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес за развојот на општината.

Според востановената традиција, наградата за доделува во две категории - за едногодишни достигнувања во периодот од 1 август 2015 до 31 јули 2016 година и за животно дело, која е за заокружена, континуирана творечка целина.

Предлозите се доставуваат до Управниот одбор за доделување на наградата „4 Ноември“, во Општина Битола.