Почнува 24. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Во Струмица денеска ќе почне 24. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на кој до 12 септември ќе бидат изведени 14 претстави. Нивните актери ќе се борат за единствената награда за актерско достигнување „Ристо Шишков“.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Човекот кој не знаеше да каже не“ во режија на Мартин Кочоски, во копродукција со ФКТ „Ристо Шишков“ и театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
- Се надеваме дека во сите фестивалски денови ќе понудиме квалитетна програма која ќе ја пополнат претстави од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Србија. Истовремено, сакам да нагласам дека имаме по една претстава за отворањето и за затворањето на фестивалот, за кој имаме тенок буџет, изјави Ванчо Патриков, директор на фестивалот.
Покрај театарски претстави, ФКТ „Ристо Шишков“ ќе понуди и повеќе промоции и проекции на филмови.
Ќе биде отворена и изложба на фотографии на примабалерината Зоица Пуровска Велевска, а првиот фестивалски ден ќе го заокружи „Разговор во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, во копродукција на „Скопје филм студио“ и Македонскиот народен театар.
На фестивалот ќе биде промовирано и ДВД-то „Духот на татко ми“ посветен на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков и неговиот починат син, Васил Шишков, во режија на Горан Тренчовски. Промовирана ќе биде и книгата поезија „Креативна бурлеска“ на Јоана Шишкова, како и книгата „Сума театралка“ на Градимир Гојер.
Фестивалот на 12 септември ќе го затвори „Солун - град на духови“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Театарот на навигаторот Цветко Скопје.
Најдобриот актер ќе добие златен медалјон со ликот на Шишков и 1.500 евра парична награда и признание.
Годинава се одбележуваат 30 години од смртта на патронот, Ристо Шишков. Фестивалот на камерен театар е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
