-->
-->
Детали за невремето кое ја зафати Македонија: Еве кога се очекува стабилизирање
-->

Пообилни врнежи денеска имаше во јужните и западните делови од Македонија, каде наврнаа 50 литри воден талог на квадратен метар. Дуваше слаб до умерен источен и југоисточен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
За девет часа (до 16 часот), најмногу дожд наврнало во Битола, 50 литри на квадратен метар, потоа во Тополчани 38, во Маврово 33, 29 во Гевгелија, 25 во Прилеп, 18 во Демир Капија, 17 во Скопје, 16 во Пожаране и Лазарополе, 13 во Тетово, 10 во Пожар, 9 во Ѓуриште, 7 литри во Претор, Охрид и Штип, 5 во Виница и Струмица, 3 во Берово и два литра во Крива Паланка.
Максималната температура денеска беше најниска во Маврово 12, а највисока во Струмица (21 степен). Во Скопје денеска се измерени максимални 17 степени. Во скопското подрачје имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, а дуваше и умерен ветер од источен правец.
УХМР информира дека времето до крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат уште дополнителни 10 до 15 литри. Ќе продолжи да дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер.
Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурите минимални од 11 до 18 степени, а максималните од 17 до 25 степени.
– Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање. В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во пораст, соопшти УХМР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
