Родители не дозволиле забрадени жени да влезат во детска градинка во Корзика
Пет забрадени жени, облечени во традиционалната облека на муслиманките, биле спречени од други родители да влезат во детска градинка во Корзика.
Инцидентот се случил во местото Бонифачио, а полицијата во овој француски остров во Медитеранот, интервенирала, за да спречи поголем инцидент.
Гневните родители и објасниле на полицијата дека им го блокирале влезот на забрадените жени затоа што ниту нивните деца не може да ги носат на себе христијанските симболи.
Според француските закони, пресоналот на училиштата и детските градинки, како и учениците и децата, не можат да одат забрадени на наставата, но тоа не се однесува за нивните родители.
Тензиите меѓу населението на Корзика и јужните делови на Франција се засилија по исламистичкиот терористички напад во Ница, на 14 јули.
Локалните медиуми откриваат дека минатиот месец избила тепачка меѓу двајца корзикански селани од местото Сиско и тројца северноафриканци, затоа што муслиманите сакале плажата во селото да ја користат само за себе.
Тензиите нараснаа по забраната во околу 30 приморски француски општини, на плажите да се носат „буркини“, облека за капење која целосно го покрива телото на жената, освен лицето и стапалата.
Уште од 2011 година, во Франција е забрането носењето „никаб“, женска облека што го покрива лицето на жената, освен очите.
Минатата недела неколку забрадени жени протестираа во францускиот град Авињон, против тоа да им се определува како да се облекуваат.
На транспарентите што ги носеле, тие инсистирале на тоа дека облеката не е провокација, туку слобода на уверување.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата