Ватикан се извини за грешката со местото на раѓање на Мајка Тереза

По реакцијата на македонската Амбасада во Ватикан за неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти за нејзината канонизација денеска Државниот секретаријат на Ватикан упати извинување и дава појаснување како настанала грешката.
- Државниот секретаријат ја поздравува амбасадата на Република Македонија и би сакал да даде појаснување во однос на биографијата на англиски јазик на Мајка Тереза во литургиската брошура за мисата по повод канонизацијата одржана на 4 септември 2016 година. Поради грешка во преводот на оригиналниот текст на италијански јазик, местото на раѓање беше погрешно припишано на Албанија. Текстот требаше да гласи „Тереза од Калкута (Гонџа Агнес Бојаџиу) е родена во Скопје, на 26ти август 1910 година, како петто и последно дете од албански родители Никола и Дране Бојаџиу“, се вели во дописот до македонската амбасада во Ватикан.
Искажувајќи најискрено извинување за овој пропуст, се додава во него, Државниот секретаријат повторно ги истакнува многу добрите односи помеѓу Република Македонија и Светата Столица и изразува највисока почит кон амбасадата на Република Македонија.
Македонската амбасада во Ватикан вчера соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза.
- Првата реакција е испратена од страна на нашата Амбасада во Ватикан, додека потоа и македонската државно-црковна делегација која што присуствуваше на церемонијата упати остра реакција, со барање брошурата да биде повлечена, грешката исправена и побара објаснување од Ватиканските власти за овој пропуст на организаторот, се наведува во соопштението.
По реакциите, на примероците од официјалните делегации е корегирана грешката.
Грешката беше само на англиската верзија на брошурата.
Ново на Сител
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
