Ново гледалиште и богата програма на Македонската опера и балет
Со гала концерт и отворање на реновираното гледалиште на 7 октомври МОБ ќе ја за- почне новата сезона 2016-2017 . Раководството најавува богата програма со концерти , претстави,мјузикли на македонски и странски уметници.
На репертоарот на Операта ќе има и неколку постари претстави. Премиерите се предвидени за октомври,мај , и јуни. Освен традиционалните новогодишен и василичарски концерт, во декември ќе се одржи и проштален симфони концерт на ,,Леб и сол,,40 години бенд. На 9 март ќе биде изведен најголемиот спектакл мјузиклот ,, Тајно моја,, посветен на Тоше Проески.
Балетот ќе ја започне сезоната на 8 септември со гостување во Народно позориште во Белград со претставата,,14 часа,, , со која ќе настапи и во Холандија во декември.
Освен редовната програма предвидени се и детски претстави, како и премиера на 17 октомври на балетот ,,Клеопатра,, и премиера на современ балет.
Балетот ,,Филм,, ,и ,, Трите прасиња,, ќе бидат хуманитарни претстави, а средствата се за неодамна поплавените подрачја.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
