Македонија
19. August 2015 - 17:13
Експерти од ЕУ и ДЗС вршат скенирање на поплавените подрачја во тетовско
Стручните лица од земјите на Европската Унија заедно со вработените од Дирекцијата за заштита и спасување денес извршија набљудување на теренот во поплавените подрачја во Тетовско со хеликоптер со цел да се добијат информации кои ќе ги искористат за извештај со нивнипрепораки во насока на превенција на вакви непогоди. Тие од Тетово тргнаа кон поплавените села.
Тој извештај ќе биде готов до крајот на неделата и ќе го доставиме до Дирекцијата за заштита и спасување. Ќе ги согледуваме условите на терен, легислативата поврзана со вакви работи, организацијата на институциите, кој дава прв помош при вакви настани и слично. Нашата работа завршува во понеделник или вторник.
Странските експерти ќе добијат податоци и од иксутвата на Дирекцијата за заштита и спасување.
Дојдени се седум експерти кои ќе работат 12 дена во поплавените подрачја.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
