Македонија
31. August 2016 - 16:22

Во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош нови модерни 12 училници

Учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ ќе имаат можност, веќе од утре, да работата и да учат на нова модерна технологија.

Во 12 училници поставени се ЛЦД проектори, смарт табли, мултимедијален центар, и тоа се за потребите на почетокот на новата учебна година.

Целта на поставениот компјутерски центар, кој содржи најсовремени компјутери и технологии, е олеснување на совладување на зададениот материјал и полесно спроведување на наставата и збогатување на образовната програма во училиштето.

-Средствата што ги добива училиштето „Петар Поп Арсов“ од издадената градинка под закуп „Пиколини“ која е една од најубавите градинки во државата, се применуваат во дел од вакви активности, важни за децата. Вкупната сума на годишно ниво, која училиштето ја добива од градинката е  1.700.000 денари и  ги вложува овде повторно во училиштето. Достапен е нов копјутерски центар со најсовремени компјутери, за да нема дискрепанца на компјутерот на кој што работата учениците во училиштето и дома- изјава Стевчо Јакимовски.

Утрешниот ден е првиот ден од новата учебна година во која што учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ веднаш ќе имаат можност да ги користат новите компјутери, кои ќе им служат за продлабочување во науката и образованието.