Македонија
26. August 2016 - 17:25

Бутарис за Сител: Немам проблем со Македонија и македонскиот јазик но историјата не може да се менува

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој два мандати е избран на оваа функција како независен кандидат нема проблем јазикот да се нарекува македонски.

Во ексклузувното интервју за Сител, Бутарис вели дека за земјава го користи името Македонија, иако има проблеми кај грчката јавност, но дека најмногу го вознемирува менувањето на историјата.

Грција мора многу да и помогне на Македонија за да стане членка на Европската Унија, а компримисот е единствен начин на решавање на разликите.

Интервјуто со Јанис Бутарис ќе го гледате интегрално во утрешното издание на вестите.

Во продолжение за дел од ставовите на градоначалникот чии предци потекнуваат од Крушево.