Анкета: Германците поддржуваат делумна забрана на бурките
Голем дел од Германците го поддржуваат предлогот за делумна забрана на бурките, на Томас де Мезиер, министер за внатрешни работи кој доаѓа од партијата Христијанско-демократска унија на канцеларката Ангела Меркел, покажува анкета.
Анкетата спроведена во вторникот, над 1.008 лица, покажува дека 51 отсто од испитаниците се за целосна забрана, а 30 отсто - за делумна забрана за прекривање на лицето со темен превез. Петнаесет отсто од анкетираните се изјасниле против.
Конзервативниот германски министер мината недела изјави дека треба да се воведе законска обврска лицето да се пoкажува на места каде што е неопходно во јавниот живот.
- Места како што се државни институции, додека возите, во канцеларијата на регистарот, во училишта и универзитети, во државната служба, во судовите... За бурките нема место во германското општество и тие не се во согласност со тамошното разбирање на улогата на жените, нагласи Мезиер.
Канцеларката Ангела Меркел претходно изјави дека жените кои целосно се прекриваат со превези и марами, речиси и да немаат можност за интегрирање во општеството. Во Германија живеат околу четири милиони муслимани.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник