Канада регистрира зголемен број екстремисти кои заминуваат во странство

Зголемен е бројот на лицата кои од Канада заминале за странство и кои се осомничени дека учествувале во радикални активности, изјавија официјални безбедносни претставници, цитирани од британските медиуми.
Тие прецизираа дека расте и бројот на жени кои заминуваат за да се борат во редовите Исламска држава.
Податоците од годишниот извештај на министерот за јавна безбедност, Ралф Гудејл, покажуваат дека кон крајот на 2015 година 60 екстремисти, кои во Канада се нарекуваат „патувачки екстремисти“, се вратиле во земјата.
Портпаролот на Гудејл прецизира дека овие лица се наоѓаат под полициско набљудување.
Главната закана за безбедноста на земјата доаѓа од индивидуи или мали групи кои повеќе се инспирирани од вооружените групи, како Исламска држава или Ал Каеда, отколку што се раководени од нив, се посочува во документот.
На крајот на минатата година владата имало информации за 180 лица, кои на различни начини се поврзани со Канада, а кои биле во странство и за кои има сомненија дека учествувале во активности поврзани со тероризам. За споредба, во 2014 година нивниот број изнесуваше 130 лица.
Ново на Сител
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
