Германската армија размислува за повлекување на своите авиони од турската база Инџирлик
Германија се уште сака нејзината армија да ја користи турската воздухопловна база Инџирлик за разузнавачки летови во борбата против „Исламска држава", но разгледува и алтернативни варијанти, поради спорот со Анкара, информира денеска германското Министерство за одбрана.
Портпаролот на Министерството изјави дека вооружените сили испитуваат други опции за стационираните шест разузнавачки авиони, авионот цистерна и 250 војници, во случај германските пратеници да гласаат за прекин на користењето на базата во Турција, поради одбивањето на Анкара да им дозволи да ја посетат.
Во јуни Турција не им дозволи на германски пратеници да ја посетат базата, откако односите меѓу двете земји се заладија поради резолуција на Бундестагот, со која убиствата на Ерменците во Отоманската империја беа оквалификувани како геноцид. Турција остро ја оспорува оваа дефиниција, инсистирајќи на тоа дека бројот на жртвите е надуен, а во услови на Првата светска војна жртви имало од сите страни.
Ново на Сител
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“