Во Скопје само 14 сообраќајки, 6 повредени
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден во Скопско извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Самостојниот инспектор од СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека се откриени и санкционирани поголем број прекршоци. Санкционирани се 57 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите, 12 ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Десет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а регистрирани се и 32 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализираме едукативни работилници во Детската Градинка „Буба Мара“ објект „Сонце“ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени