Кавадаречки “Комуналец” промовираше ново комунално возило
Ново комунално возило беше промовирано денеска во кругот на кавадаречкото јавно комунално претпријатие “Комуналец”. Како што информираше директорот Илија Атанасов, за неколку години извршена е комплетна замена на возилата во застарениот возен парк, со кои сега подобро се обавува работата.
- Како и претходните години, продолжуваме со реализацијата на програмата за набавка на нови комунални возила. Конкретно денеска сакаме да го промовираме новото возило за износ на смет за износ на контејнери од 5 и 7 метри кубни. Вредноста на возилото е околу 5 милиони денари, рече Илија Атанасов, директор на „Комуналец“.
Што се однесува за наредните проекти, тој напомена дека во фаза на тендерирање е проектот за замена на водоводна, фекална и атмосферска линија, од градскиот базен до така наречените „Коњски Дупки“.
ЈП „Комуналец“ е исто така во фаза на изработка на проектна документација за реконструкција на колекторот на реката „Луда Мара“.
- Се работи за вкупна инвестиција од 4 милиони евра само за колекторот кој ќе го работиме во етапи почнувајќи од наредната година, додека проектот за новите линии за вода и канализација чини околу 30 милиони денари. Сите средства „Комуналец„ сам ги обезбедува од сопствени извори, додаде Атанасов.
Градоначалникот Александар Панов, го изрази задоволството што, како што рече, „Комуналец” и понатаму останува едно од најуспешните претпријатија од овој тип во Македонија.
Панов соопшти дека во прилог на решавање на проблемот со паркирање во градот, за паркинг ќе биде отстапен дворот на работната единица „Хигиена и зеленило” при „Комуналец”, со цел да се продонесе да се намали сообраќајниот хаос на делот околу пазарот.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати