Белата куќа го осуди нападот во Газиантеп
Белата куќа денеска го осуди нападот на свадба во Турција и соопшти дека американскиот потпретседател Џо Бајден ќе разговара со турските власти за време на неговата посета на земјата за борбата против тероризмот.
- Сторителите на овој варварски чин цинично и кукавички како цел на нападот избраа свадба, усмртувајќи и повредувајќи десетици луѓе, се наведува во соопштението од портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Претходно, високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го осудија синоќешниот напад и изразија сочувство на Турција за жртвите во самоубиствениот напад во Газиантеп.
Могерини и Хан во заедничката изјава ветија дека ЕУ ќе дејствува заеднички со Турција за зачувување на безбедноста, демократијата и мирот.
И германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осудија нападот во Газиантеп.
турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека бомбашот-самоубиец кој го изведе нападот на свадба во градот Газиантеп бил на возраст од 12 до 14 години.
Во нападот загинаа 51 човек, а 69 се повредени, од кои 17 потешко.
Ердоган наведе дека за нападот најверојатно е одговорна Исламска држава.
Се уште никој нема преземено одговорност за синоќешниот напад.
Ново на Сител
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка