Државата нуди обука за дефицитарни занимања на пазарот на труд
Државата нуди обука за занимања за кои има побарувачка на пазарот на труд.
Во тек е оглас преку кој невработените во тек на четири месеци преку теорија и потоа пракса во компанија ќе се остручат за некоја од професиите за кои анкетите покажале дека се дефицитарни во стопанството.
- Во текот на програмата учеснициrw во обуката добиваат и паричен надоместок од 6200 денари со вклучен персонален данок и осигурување во случај на незгода, Менка Гугулевска, раководител на сектор во АВРМ.
Во моментов обуки се нудат за готвачи, градежни работници за реновирање на традиоционални куќи, аргон заварувачи, монетери на соларни панели, масери, козметичари, филигранисти, шминкери, педикири и маникири и асистенти за нега на стари лица.
- Овие лицa потоа влегуваат во системот на Агенцијата за вработување како обучени за тоа занимање и им се нудат на компаниите кои бараат таков кадар, потенцира Гугулевска.
Преку оваа мерка која се спроведува од 2010, досега се обучиле 2000 лица, а според евиденцијата на агенцијата, 40 проценти од нив во овој момент се вработени.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
