Се подобрува економската состојба на деловните субјекти

Економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја, информира Државниот завод за статистика.
Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е намален за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.
Финансиската состојба во второто тримесечје од годинава, пак, е понеповолна во однос на првото тримесечје, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, додека за бројот на вработените се очекува дека ќе се зголеми.
Продажните цени во второто тримесечје од 2015 година се зголемени во однос на претходното тримесечје, а се очекува и во наредните три месеци да се зголемат.
Како што информира Државниот завод за статистика, најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 27,9 проценти, зголемената понуда на пазарот со 14,2 и добивањето на банкарски кредити со 12,8 проценти.
Ново на Сител
-

Пожар во магацинскиот дел од поранешниот дисконт на „Тинекс“ во населба 11 Октомври
-

Николоски во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија-ГП Богородица: Се работи интензивно и во ноќни услови, за брзо време ќе имаме модерен влез во државата
-

Седлоски повеќе не е селектор на Македонија, спогодбено се разделија со ФФМ
-

Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
-

МВР одзеде 67 возила во акција на Интерпол – откриени фалсификувани шасии и возила по кои се трага меѓународно
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
