-->
-->
Рио 2016: Нов светски рекорд на 400 метри за Ван Никерк
-->
На Олимписките игри во Рио, спринтерот Јусеин Болт ја продолжи доминацијата во најбрзата трка. Тој ноќеска во финалето на 100 метри истрча 9.81 секунда и го освои златниот медал.
За Јамајчанецот ова беше седмо најсјано одличје од ОИ и трето од најкусите трки. Претходно победи и во Лондон (2012) и Пекинг (2008 година).
Второто место и сребрениот медал се за Американецот Џастин Гетлин, кој зад победникот беше побавен за девет стотинки.
На третата позиција и до бронзениот медал стигна Андре де Грасе од Канада со време 9,91 секунда.
Финална трка се трчаше и на патеката од 400 метри. Нов светски рекорд постави Вејд ван Никерк од Јужна Африка истчувајќи време 43.03 секунди со што за 15 стотинки го сруши досегашниот рекорд поставен од легендарниот Мајкл Џонсон пред 17 години.
Второто место му припадна на Кирани Џејмс од Гренада (43,76 секунди), а трет беше Лешон Мерит од САД(43,85 секунди).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Залужни: Третата светска војна веќе започна
-
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука
-
Медведев: Добивте тоа што баравте
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари
-
Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“