Груевски: Трајановски е човек од народот, барањето за оставка е доказ за деструктивноста на СДСМ

Скопје има градоначалник којшто е човек од народот. Барањето за оставка на Коце Трајановски само покажува дека СДСМ и во оваа ситуација максимално деструктивно се однесува, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Груевски во интервју за ТВ Сител посочи дека првпат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски покажал како треба да се соработува со народот, да се биде на терен со народот и да се сочувствува со неговите проблеми, на секаков начин да се помага, со сите расположливи капацитети на комуналните претпријатија и со директно присуство од најмалку 15 часа на терен.
- Барањето за оставка на Коце Трајановски и најавата за скорешни протести од оние луѓе од таканаречената Шарена револуција само покажува дека СДСМ и во оваа ситуација максимално деструктивно се однесува. Освен одењето на терен само за сликање, земањето лопата додека трае снимањето и така натаму, се останато е барање начин како да се добијат политички поени и да се води негативна кампања која продолжува од она што беше претходно. Тие водат крајно негативна и манипулативна кампања. Сега повторно го прават тоа и веројатно ќе биде така до изборите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Не очекува, како што кажа, драстична промена во однесувањето на СДСМ.
- Тие од изборите во 2014 година до сега и веројатно во иднина ќе продолжи со негативна и манипулативна кампања со искривени информации, полуинформации, едитирани работи и така натаму. Лидерот на таа партија е човек кој покажа дека 99 отсто од неговото делување е во деструкција и манипулации, лаги и интриги, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
