Студентска летна школа за потенцијалите на Делчево

Во Делчево денеска завршува Летната школа за студенти од македонските универзитети кои изработуваа предлог-мерки за развој на општина Делчево и одржливо користење на природните ресурси во рамките на Програмата за зачувување на природата.
Под менторство на професори од Универзитетот од Цирих, 16 студенти беа вклучени во Програмата и тие изминативе 10 дена ја скенираа општината со цел да дадат предлози за нејзин економски развој.
Како што истакна Јасминка Пашалиска – Андонова, локален координатор на Програмата за зачувување на природата, станува збор за иновативен метод изработен по швајцарски терк со цел млади луѓе да истражуваат и изработуваат предлог-мерки кои ќе донесат развој на една општина.
- Ние ја избравме Општина Делчево да биде домаќин на летната школа врз основа на претходни анализи, потенцијалите што ги има општината, големините на општината и слично. Ова е еден иновативен пристап, интегративен пристап, а самата пилот- активност е нешто што прв пат се применува во Македонија по моделот кој успешно се применува од страна на Универзитетот од Цирих. Досега ваков пример има со швајцарски студенти кои работеа на истражувања во Србија, рече Пашалиска-Андоновска.
Професорот од Универзитетот од Цирих, Флоријан Кнаус е задоволен од работата на студентите. Според него, Делчево има неколку аспекти кои треба да се искористат и да донесат развој на општината.
- Во прв ред е развојот на туризмот. Во поглед на туризмот, Делчево има потенцијали за развој. Има неколку интересни аспекти кои би можеле да се вклучат, тука се убавите цркви, спомениците, природните богатства, како што се убавите планини, посебно природните атракции какви што се скаменетите кукли во месноста позната како Кукуљето. За да биде сето тоа достапно на туристите, општината би требало да ја подобри пристапноста до нив, односно да ја подобри инфраструктурата и да поработи на промоција на потенцијалите. Во тој поглед, потребно е да се отвори туристичко биро, каде посетителите ќе можат да најдат информација и реклама за природните и културните знаменитости на Општината, рече Кнаус.
Тој доддаде дека потенцијал за развој на Делчево му нуди и производството на сливи, како гранка која е многу застапена во регионот.
- Сливата ја има во значајни количини и во моментов не се преработува. Значи, идејата е од тој производ понатаму да има некаква преработка, која ќе донесе поголема корист за самата општина, значи не само да се откупува, туку и да се преработува, особено имајќи го предвид името на регионот Пијанец кое е доста уникатно и интересно за да се искористи за промоција, потенцираше Кнаус.
Предлозите на македонските студенти од Летната школа во Делчево ќе бидат доставени до Општината која понатаму може да ги искористи за идна реализација.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
